Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија поразена во Молдавија, пропадна милионскиот проект на Путин за купување на изборите и референдумот

Иако се чинеше дека руската кампања за влијание на референдумот за влез на Молдавија во Европската унија ќе успее, во последните неколку часа дојде до пресврт и се чини дека Молдавците сепак ја избраа европската иднина.

Според последните информации, повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласале на референдумот за влез на земјата во ЕУ, покажуваат податоците на Централната изборна комисија по обработката на 98,38 отсто од гласачките материјали.

На референдумот, кој се одржа вчера во исто време со претседателските избори, иницијативата за влез на Молдавија во ЕУ ја поддржаа 740.725 гласачи или 50,26 отсто од гласачите, а против гласаа 732.891 гласачи или 49,93 отсто од гласачите, пренесува ТАНЈУГ.

На референдум граѓаните одговорија на прашањето: „Дали поддржувате промена на Уставот за Република Молдавија да влезе во Европската унија?“.

„Купиени се околу 300.000 гласови“

Неколку истражувања во пресрет на референдумот покажаа дека 63% од граѓаните се за европската ориентација на земјата. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на широко распространетите наводи за наводно купување гласови од Русија, Санду исто така рече дека нејзината влада има „јасни докази“ дека биле купени 300.000 гласови, што таа го нарече измама без преседан.

На избирачкото место за жителите на отцепениот молдавски регион Придњестровје, кој е поддржан економски, политички и воено од Русија, Би-Би-Си наиде на докази за купување гласови. Продуцент на Би-Би-Си слушнал жена која штотуку го фрлила своето гласачко ливче во чиста кутија, прашувајќи го набљудувачот на изборите каде ќе и биде платена.

Молдавското Министерство за надворешни работи соопшти дека гласањето морало да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. До затворањето во 21 часот на гласачките места одговориле 51 отсто од гласачите и врз основа на тоа референдумот бил валиден.

Овие избори се клучни тестови за земјата, која се соочува со избор помеѓу членство во ЕУ или одржување блиски врски со Русија.

Продолжуваат преговорите со ЕУ

Молдавија во моментов е во преговори со ЕУ за членство. Пристапните преговори ќе продолжат. Исходот на референдумот, се чини, го направи тој процес уставно потврден и неповратен.

– Мора да избереме европска иднина за нашата земја, за нашите деца, за нашата иднина – за геополитиката, за мирот, тоа е најважно. Затоа што сме меѓу Европа и руското влијание и мораме да избереме што сакаме – изјавила Оксана од Молдавија за Би-Би-Си.

Зачлени се на нашиот е-билтен