Русија: Специјален фонд за војниците ангажирани во војната во Украина

Руска воена опрема

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.

Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца, се наведува во декретот.

Одлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.

„Наша должност е да ги поддржиме семејствата кои ги загубија своите најблиски и да им помогнеме да ги подигнат своите деца и да им дадеме образование и работа“, рече тогаш Путин. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен