Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија ги евакуира вработните од амбасадата во Сирија, но не ја затвора

Фото: Bryan Jones/Flickr

По падот на сирискиот диктатор Башар ал Асад, Русија започна да враќа дел од персоналот од својата амбасада во сирискиот главен град Дамаск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Покрај вработени во руската амбасада, Русија од Сирија евакуира и вработени од дипломатските претставништва на Северна Кореја и Белорусија, како и персонал од мисијата на непризнаената отцепена република Абхазија.

„Специјалниот авион, кој полета од рускиот воен аеродром Хмеимим во Сирија, пристигна во Москва“, соопшти МНР на Русија.

Русија сепак тврди дека руската амбасада во Дамаск нема да биде затворена и ќе продлжи да работи, а не ја наведува ни причината зошто префрла дел од персоналот.

Русија со години го поддржуваше соборениот сириски претседател  Башар ал Асад, кој по превратот во Сирија минатата недала со руска помош беше транспортиран од Дамаск во Москва каде што доби политички азил.

Русија во моментов се обидува да преговара со новите власти во Сирија во врска со користењето на воениот аеродром Хмеимим и поморската база во Тартус.

Зачлени се на нашиот е-билтен