Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија, Кина и Иран ќе одржат заедничка поморска вежба во Оманскиот залив

 Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека група руски воени бродови денеска пристигнале во Иран за да учествуваат во вежби со Иран и Кина во Оманскиот Залив и Арапското Море.

Бродовите и авијацијата ќе учествуваат во заедничките вежби наречени „Поморски безбедносен појас – 2024“, се наведува во соопштението.

– Практичниот дел од вежбата ќе се одвива во водите на Оманскиот Залив на Арапското Море. Основната цел на маневрот е да се работи на безбедноста на поморската стопанска дејност, соопшти Министерството во Москва.

Групата испратена од Русија ја предводи ракетниот носач Варјаг на руската флота во Големиот Тихи Океан. На вежбите како набљудувачи ќе присуствуваат претставници на Пакистан, Казахстан, Азербејџан, Индија и Јужна Африка. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен