Во текот на ноќта, Русија изврши напади со беспилотни летала врз Кијив и јужна Украина, објави денеска Укринформ.
Украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки Телеграм информираа дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те нападни беспилотни летала Шахед, лансирани од Русија во текот на ноќта.
Јужната воена команда на Украина преку Телеграм објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана биле ангажирани повеќе од пет часа и уништиле 26 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија над неколку јужни региони, главно над регионот Миколаев во близина на Црното Море.
Остатоците што паднаа од соборениот дрон и ударниот бран оштетија станбени згради и гасовод во Миколаев, соопшти воената команда, дополнувајќи дека четири беспилотни летала се соборени над црноморското пристаниште Одеса.