Од јули минатата година до сега оштетени се 321 објект на пристанишната инфраструктура на украина, соопшти украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Тој кажа дека руски беспилотни летала и проектили оштетиле 321 објект од јули 2023 до сега.
„Во руските напади се оштетени и 20 трговски бродови на други земји“, додаде Зеленски.
Според него, со украинскиот извоз на храна се снабдуваат 400 милиони луѓе во 100 земји во светот.