Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија побара состанок на одборот на МААЕ поради нападите врз нуклеарката Запорожје

На барање на Русија за четврток е свикан итен состанок на 35-члениот Управен совет на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да се разговара за нападите врз нуклеарната централа Запорожје во Украина која е под контрола на Москва.

Централата, која е најголема во Европа, завчера беше нападната со дронови кои ја погодија зградата на еден од реакторите, соопшти МААЕ, додавајќи дека нуклеарната безбедност не е засегната.

Русија и Украина постојано меѓусебно се обвинуваат за напади врз нуклеарната централа Запорожје и двете страни го негираат.

Рускиот амбасадор во МААЕ, Михаил Улјанов, синоќа изјави дека неговата земја свикала итен состанок на Управниот совет „во врска со најновите напади и провокации на вооружените сили на Украина против нуклеарната централа Запорожје“.

МААЕ се уште не го потврди датумот на состанокот. Правилата на Управниот совет наведуваат дека секоја земја во него, вклучително и Русија, може да свика состанок. Среда е слободен ден во Обединетите нации во Виена поради муслиманскиот празник Рамазан бајрам, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан.

Управниот совет е највисокото тело за одлучување на МААЕ и се состанува повеќе од еднаш годишно.

Зачлени се на нашиот е-билтен