Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија разгледува да го намали нивото на дипломатски односи со Западот

– Кремљ денеска соопшти дека Русија го разгледува можното намалување на нивото на дипломатските односи со Западот поради поголемата вклученост на САД и нивните сојузници во војната во Украина, но се уште не е донесена одлука.

„Прашањето за намалување на нивото на дипломатските односи е стандардна практика за државите кои се соочуваат со непријателски или агресивни дејствија.  Поради зголеменото учество на Западот во конфликтот во Украина, Руската Федерација мора да разгледа различни опции за одговор на таква непријателска западна интервенција во украинската криза“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за новинарите на прашањето за можноста за таков потег.

Тој рече дека досега не е донесена одлука за ова прашање и дека Русија разгледува различни начини како да му одговори на Западот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен