Рускиот претседател им наредил на регионалните власти да се фокусираат на воено регрутирање на мигранти, луѓе со криминално досие и финансиски ранливи групи, според независниот руски медиум IStories.
Во писмото од кабинетот на претседателот до регионалните власти добиено од IStories детално е опишан планот да се фокусира на социјално изолираните луѓе.
По недостигот на работна сила, Русија спроведе бран на регрутирање кој започна во септември 2022 година, нарушен со неорганизираност и непослушност. Според IStories, Русија не планира уште еден бран на регрутирање, но ќе се потпре на регионалните власти за да најдат „волонтери“.
Според адвокат кој им помага на Русите со прашања во врска со регрутирањето, приоритетите на владата покажуваат дека тие бараат луѓе врз кои може да се изврши притисок за да се приклучат на армијата.
Еден руски војник изјави за IStories дека чувствува дека властите се обидуваат да ги „елиминираат маргинализираните групи“. Руската регрутација силно ги таргетира етничките малцинства.
За да ја зголеми работната сила, Русија насилно регрутираше десетици илјади Украинци од окупираните територии, особено од областите Доњецк и Луганск, што е воено злосторство.
Подготви: Ј. Ѓ. (FrontLine)