ЕК: Русија се меша во изборите во Молдавија

Европската комисија соопшти дека Русија се меша во избодрите во молдавија.

Европската комисија соопшти дека Русија се меша во изборите во Молдавија. Од таму порачуваат дека Молдавија се соочува со кампања на дезинформации без преседан, предводена од Русија пред парламентарните избори што ќе се одржат в недела.

„Не е првпат Русија да посегне по класични тактики на манипулација и дезинформации, но денес оди многу подалеку, предупреди портпаролката на ЕК, Анита Хипер.

Таа додаде дека Москва „длабоко се меша во изборниот процес“.

Претходно, претседателката на Молдавија, Маја Санду го обвини Кремљ дека вложува „стотина милиони евра“ за купување на гласови и за дезинформирање на гласачите.

Молдавија е поранешна советска република, која се стекна со независност во 1991 година. Според анкетите води проевропската партија на Санду, која е на власт од 2021 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен