Русија се жали по најавата дека ќе им бидат соборени авионите

Кремљ ја нарече „необмислена, неодговорна и опасна“ реториката за соборување руски борбени авиони над Европа, оценувајќи дека станува збор за сериозна ескалација на тензиите крај руските граници. Портпаролот Дмитриј Песков за државната телевизија изјави дека во Европа функционира „механизам на самонаметнување на тензии“: прво се „измислуваат прашања“, потоа следат „неодговорни изјави“.

Изјавата дојде по информациите кои ги пренесе „Блумберг“ дека европски дипломати ја предупредиле Москва оти НАТО е подготвен да реагира со целосен капацитет на нарушувања на воздушниот простор — вклучително и со соборување руски летала. Песков, пак, повтори дека руските авиони не го нарушиле естонскиот воздушен простор минатата недела и дека „обвинувањата не се поткрепени со убедливи докази“.

„На вакви неодговорни и агресивни декларации — ова е уште еден суштински круг на ескалација на тензиите покрај нашите граници“, додаде портпаролот, повторувајќи дека Москва ги смета најавите за соборување како опасна игра со последици.

Зачлени се на нашиот е-билтен