Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русите погодија сопствениот брод со проектил во Балтичкото Море, загинаа тројца членови на екипажот

Рускиот рибарски брод „Капетан Лобанов“ беше погодена со проектил од руската Балтичка флота, објави независната руска онлајн ТВ Дожд, повикувајќи се на роднини на еден од членовите на екипажот.

Како што објави онлајн телевизијата објави дека инцидентот се случил на 19 март 2024 година, кога тројца членови на екипажот загинале на бродот, а четворица други биле повредени, пренесува украински Милитарњи.

Проектилот што го погоди „Капетан Лобанов“ е испукан за време на вежба на руската Балтичката флота. Пред инцидентот, членовите на екипажот на бродот требаше да одат на спиење кога проектилот ја погоди кабината на капетанот.

Локалните власти во Калининградската област изјавија дека имало пожар на бродот, а причината за инцидентот се уште не е позната. Властите пријавија само еден смртен случај.

„Кога ги одведоа преживеаните, сите знаеја совршено дека три лица се убиени. И сите одлично знаеја дека е погоден со проектил. Но, тие решија да напишат дека има „пожар“. Се прашувам за каков пожар станува збор, ако кабината на капетанот беше целосно исчезната, таа едноставно беше издувана“, изјави изворот за ТВ Дожд.

Преживеаните се префрлени во болница во градот Пионерски, а една од жртвите се наведува дека е во тешка состојба.

Телевизијата Дожд јавува дека повредените биле испрашувани во болница од службеници на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, кои побарале од членовите на екипажот да не шират информации за инцидентот.

Друг проектил, според изворот на ТВ Дожд, паднал во рибарски мрежи во близина на индустрискиот брод МРТЦ, кој се наоѓал во близина на бродот „Капетан Лобанов“.

Руските медиуми објавија дека за време на вежбите на 19 март руската корвета Боики извршила практично гаѓање од артилериско оружје на бродот.

По завршувањето на пукањето, екипажот вежбаше да ги погодува бродовите на симулираниот непријател со противбродски ракети Kh-35 на ракетниот систем Уран со електронски лансирања.

Милитарњи претходно објави дека адмирал Јевменов, врховен командант на руската морнарица, е разрешен. Повикувајќи се на свои извори, новинарите објавија дека командантот на Северната флота Александр Мојсеев е назначен за привремен вршител на должноста врховен командант на руската морнарица.

Драган Мишев/ЦивилМедиа

Треба да знаете
Moже да ве интересира