Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руска хакерска група ја презеде одговорноста за нападот врз украинскиот мобилен оператор

 Хакерска група за која се верува дека е поврзана со руското воено разузнавање ја презеде одговорноста за сајбер нападот врз украинскиот мобилен оператор.

Хакерската група „Солнцепјок“ на Телеграм наведе дека извршила сајбер напад и објавила видеа на кои се гледа дека хакерите пристапиле до серверите на „Киевстар“, кој има нешто повеќе од 24 милиони мобилни претплатници.

Од групата додадоа дека во нападот на „Киевстар“ уништиле повеќе од 10.000 компјутери и 4.000 сервери.

Украинската државна служба за специјални комуникации соопшти дека инцидентот се истражува заедно со разузнавачката агенција СБУ.

„Одговорноста за сајбер нападот ја презеде една од руските групи чии активности се поврзани со Главниот директорат на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен