Поради прекин на производството на руската рафинерија Кириши се очекува пад на производството?

Нафтената рафинерија Кириши, една од најголемите во Русија, ги прекина операциите на својот сектор за дестилација на сурова нафта, нејзината најпродуктивна деловна единица, по нападот со беспилотни летала на 4 октомври и последователниот пожар.

Според неименувани добро информирани извори медиумите објавуваат дека, закрепнувањето на секторот за дестилација на сурова нафта во рафинеријата Кириши се очекува за околу еден месец. Ова затворање на рафинеријата Кириши би можело да резултира со мал пад на производството на нафта во услови на криза со гориво во Русија, која се соочува со недостиг на баран бензин поради тековните украински напади со беспилотни летала врз нејзината енергетска инфраструктура.
Секторот за дестилација на сурова нафта во рафинеријата Кириши CDU-6 има капацитет од осум милиони метрички тони годишно, односно 160.000 барели дневно, што е околу 40 проценти од вкупниот капацитет за преработка во тој објект.
Според добро информирани извори од нафтената индустрија, оваа рафинерија преработила 17,5 милиони тони нафта во 2024 година, што претставува 6,6 проценти од вкупниот обем на преработка на нафта во Русија.
Минатата година, таа произведе два милиони тони бензин, 7,1 милион тони дизел, 6,1 милион тони мазут и 600.000 тони битумен.