Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руска ракета наменета за Украина падна врз руско село

кета случајно погоди руско село во пограничниот регион Воронеж за време на последните тешки руски воздушни напади врз Украина, соопштија руските цивилни власти.

Според првичните информации, во инцидентот биле оштетени седум домови, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Александар Гусев. Нема повредени.

Инцидентот се случил во селото Петропавловка, на околу 140 километри од североисточна Украина, пренесе ДПА.

Според Гусев, се работи за „случајно лансирање“ на проектилот и не го прецизираше типот на оружјето.

На социјалните мрежи се објавени видеа, чија автентичност не може да се потврди, на кои наводно се гледаат сериозни оштетувања на неколку куќи во селото.

Според Киев, Русија во вторникот ја нападнала Украина во неколку бранови со борбени дронови, крстаречки ракети и балистичко оружје.

Зачлени се на нашиот е-билтен