Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руската вооружена агресија погоди над 1.653 деца во Украина

Вкупно 510 деца се убиени, а над 1.143 се повредени во Украина од почетокот на руската инвазија изјави украинското државно обвинителство за Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

„Заклучно со 5 ноември 2023 година, според податоците на обвинителите за малолетници, загинале вкупно 510 деца, а над 1.143 се здобиле со повреди со различна тежина“, се наведува во извештајот.

Овие податоци не се конечни, бидејќи се истражуваат во областите на воените дејствија, привремено окупирани и ослободени области.

Во моментов, најмногу жртви се регистрирани во регионот Доњецк (492), регионот Харкив (304), регионот Херсон (132), регионот Кијив (129), регионот Запорижја (99), регионот Миколаев (97), регионот Днепропетровск (96), Регионот Чернихив (72) и регионот Луганск (67).

На 4 ноември 2023 година, две 7-годишни деца беа повредени како последица на руското гранатирање на областа Мирород во областа Полтава.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: CivilMedia,

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново