„Подморници на Воената морнарица на Русија и на Народноослободителната армија на Кина за првпат учествуваа во заедничко патролирање во азиско-пацифичкиот регион, се наведува во соопштението“, пренесува РИА Новости.
Подводната мисија почна на почетокот на август, веднаш по завршувањето на заедничката руско-кинеска воена вежба.
Како клучни цели на заедничкото патролирање, руското Министерство за одбрана ги наведува зајакнувањето на соработката меѓу морнариците на двете земји, зачувувањето на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион, надзорот на морскиот простор и заштитата на објектите на поморската економска активност на Русија и Кина.
Исто така, се истакнува дека морнарите на двете земји редовно вежбаат маневрирање и меѓусебна координација за време на заедничките вежби.
Првото заедничко руско-кинеско поморско патролирање на бродови се одржа во 2021 година.