Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руски ракетен терор: Кијив погоден, узбуна за воздушен напад низ цела Украина, мета се цивилите и цивилната инфраструктура

Кијив гранатирање (принтскрин)

Од раните утрински часови на 337-миот ден од руската брутална агресија, се слуша узбуна за воздушен напад во Кијив и низ цела Украина. Кијив беше погоден, како и низа други градови низ целата земја. Повторно, мета се цивилите, нивните домови и цивилната инфраструктура.

Додека се подготвува овој извештај, врз основа на јавувања од извори на ЦИВИЛ Медиа од Украина, траат нападите. Тие јавуваат за неколку погодоци во Кијив и тоа во Печерски и Голосијивски дистрикт. Во Голосијивскиот дистрикт тукушто загина едно лице, а две се ранети од руските воздушни напади. Тоа е веќе трет погодок од раните утрински часови, а во моментов се очекува четвртиот напад.

На социјалните мрежи се огласи и украинското МНР.

Уште едно утро во Украина започна со воздушна узбуна низ целата земја. Трае повеќе од два часа. Експлозии се слушнаа во неколку региони, пишува во објавата.

На видео снимката што ја пренесува Кијив инфо се гледа густ облак од чад по првата експлозија од нападот извршен со ирански дрон.

И украинската амбасадорка, Лариса Дир, информира за воздушните напади на социјалните мрежи.

337 ден од почетокот на руската инвазија. Терористичката држава, руска федерација, членка на ОБСЕ, продолжи со нападите врз Украина со иранските камиказа дронови Шахед 136/131 и со ракетни напади. Нападите и експлозиите продолжуваат во Кијив и други градови на Украина сега! – напиша амбасадорката.

Извор: Деск на ЦИВИЛ Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен