Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и соочени со се поуспешните украинските напади врз стратешката руска воена инстратуктура во позадината на линијата на фронтот, вклучително и загубата на воени бродови на Црното море, руската пропаганда со сите сили се труди со пласирање дезинформации и лажни констрикции да ги одржи во живот надежите за остварување на целите на својата агресијата врз Украина.
Во овие напори имаат сесрдна поддршка од одредени докажани про-руски македонски медиуми, кој некритички ги пласираат лажните вести пред својата публика со цел да ја „одржуваат влагата“ кај македонските рашисти и путинољубци во нивната надеж дека „великиот“ Путин, сепак, нема да ја изгуби војната.
На 23 септември, во руските медиуми, а следствено на тоа и во дел од македонски медиуми, дежурни пренесувачи на руската пропаганда и дезинформации (секако via B92) кружеа извештаи дека руска извидница уништила тенк „Леопард“ со германски екипаж, кој наводно се состоел од персонал на Бундесверот. Како извор на оваа информација тие се повикаа на некој „командант на разузнавачка група која дејствуваше на фронтот Запорижја“.
Според руските медиуми, ревносно пренесен и во домашните про-Путин медиуми, овој извидувачки офицер, кој „вешто зборува германски“, тврди дека целиот екипаж на уништениот тенк „Леопард“ загинал. Механичарот-возач, кој бил тешко ранет, наводно почнал да вика „Не пукај“ кога се сретнал со руски воен персонал. Истиот механичар наводно открил дека тој е војник на Бундесверот, а целата тенковска екипа е од истата единица. Подоцна, механичарот наводно починал од загуба на многу крв.
Германското Министерство за одбрана во телефонски разговор за ДВ во неделата, на 24 септември, го демантираше лажното тврдење што го шират руските државни медиуми дека германскиот тенк Леопард „со екипаж од Бундесверот“ е уништен во борбената зона во Украина.
„Нема германски тенковски екипажи во Украина“, изјави претставник на германското Министерство за одбрана во телефонски коментар за ДВ.
Оваа лажна вест стигна и до македонските портали по веќе воспоставената практика. Објавите на мас- медиуми во Кремљ, проруски сметки на Фејсбук, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток, прво поминуваат низ „филтерот“ на српскиот портал Б92, за потоа да се дистрибуираат и преземаат од македонски портали.
Лажната објава сензационалистички ја пренесува Б92 (повикувајќи се на објава на Спутник) на 23 септември, а потоа, истиот текст преведен на македонски го објавува А1ОН, за потоа да следува објава на Пулс24 со видоизменет, дофилуван и проширен со заканувачки пораки, кои одат и чекор подалеку во ширењето на руската пропаганда, пренесувајќи закани на одредени руски пропагатори дека Русија го губи трпението и дека е време Кремљ да го прекине „проектот“ Украина.
Утредента истата дезинформацијата осамна и на МКД.мк, кои малку се потрудиле на текстот да му дадат сопствен печат, па како извор ги навеле РИА Новости.
Сензационалистичката вест за наводното загинување на германски војници во наводно уништен „Леопард“, базирана на наводна изјава на наводен руски офицер, за наводно ранет германски механичар кој наводно на германски викал „Не пукајте“ беше пренесена без никакви докази. Ниту снимки од германскиот војник и неговото „признание“ кои доколку истово сценарио реално се случило секако не би изостанале и кои руската пропаганда со огромно задоволство би го искористила во обид да прикаже каков/таков успех по серијата разошарувачки неуспеси и загуби на бојното поле.
Во одредени медиуми, во текстот е прикачено видео од објава на рускиот Твитер бот Јохан Андерсон, за кое тврди дека е снимка од уништување на „Леопар“ тенк со дрон „Ланцед“, но според нејасната снимка не може да се утврди каде и кога се случило, но и дали навистина е уништен тенк „Леопард“, дел од германската помош на Украина, особено ако се земе предвид дека Украинците од автомобили прават реплики на тенковите Леопард за да ги измамат Русите.
За сличен случај на наводно „уништување“ на Леопард тенк предходно објави Цивил Медиа кога Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн.
На почетокот на јуни, во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а во пресрет на долгоочекуваната украинска летна офанзива, руското Министерство за одбрана, преку провладиниот канал Риа новости, објави видео на кое наводно се гледа како јуришен хеликоптер Ка-52 пука во тенк „Леопард-2“ и го уништува, што тие го нарекоа „прв видео доказ“ од тој вид. Сепак, рускиот канал „Воиениј Осведомител“ препозна дека ова не е Леопард-2, па дури не е ниту тенк, туку обично земјоделско возило.
За демантот на германското Министерство за одбрана на посочените сајтови нема место.
Д. Мишев (ЦивилМедиа)