Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка

 Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка Каја Калас, пренесе Бета.

Калас во Русија се товари за „кривичен случај“, пишува денеска во соопштение на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Не се прецизира за какво кривично дело или прекршок се товари Калас.

Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Кајрис.

Распишувањето потерници ги зголемува тензиите меѓу Русија и балтичките земји по нападот на Кремљ врз Украина. ј

Зачлени се на нашиот е-билтен