Руско МО: Половина од украинскиот град Купјанск под руска контрола

 Руските сили контролираат околу половина од територијата на украинскиот град Купјанск, вклучувајќи го и центарот на градот каде што се наоѓаат најважните административни згради и стадионот „Спартак“, јави денеска руското Министерство за одбрана.

Министерството објави снимка од дрон од која се потврдува дека руските војници контролираат околу половина од територијата на Купјанск, вклучувајќи го и центарот, пренесуваат руските медиуми.

„Видеото ги прикажува руските војници во центарот на градот, како и во областите на најважните административни и индустриски згради, вклучително и во близина на зградата на градската администрација, во областа на стадионот „Спартак“ во Купјанск, трафостаница во градот на улицата Енергетска и во близина на ТВ кулата“, се додава во соопштението.

Министерството додава дека руските војници продолжуваат со операциите во Купјанск и околните области.

Зачлени се на нашиот е-билтен