Руското Обвинителство денеска побара две години и 11 месеци затвор за активист за човекови права Олег Орлов, кому му се суди за дискредитација на вооружените сили на Русија, соопшти невладината организација „Меморијал“.
Орлов (70) повеќе од две децении беше лидер на организацијата за човекови права „Меморијал“, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2022 година, а една година подоцна беше забранета и распуштена во Русија. Минатата година тој беше казнет со 150.000 рубљи (околу 1.600 долари) откако објави текст во кој наведе дека Русија под претседателот Владимир Путин се претвора во фашистичка земја.
Повторното судење беше наредено откако Орлов поднесе жалба на првичната казна и обвинителите побараа тригодишна казна, обвинувајќи го за „политичка омраза кон Русија“.
Орлов го негира обвинението, а конечната пресуда треба да биде објавена утре.