Холандскиот премиер Марк Руте преку објава на Фејсбук ги повика демонстрантите во и околу Универзитетот во Амстердам да престанат со насилството врз полицијата и да предизвикуваат штета.
„Настаните во и околу Универзитетот во Амстердам во изминатите неколку дена јасно преминаа одредени граници. Демонстрациите се секогаш дозволени, но никогаш не е дозволено користење насилство врз полицијата и предизвикување штета. Престанете со ова!“, напиша Руте.
Според него, неоправдано е холандските Евреи да бидат обвинети за насилството во Газа и „тоа е форма на антисемитизам против која Холандија мора да продолжи да се бори јасно и гласно“.
Руте дополнително во понеделник ќе разговара на оваа тема со голем број организации на барање на Претставничкиот дом.
„Антисемитизмот нема место во Холандија“, истакна холандскиот премиер.