Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по денешната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, јави Анадолија.
– Разговаравме и за Украина, каде што постои реален прозорец на можности за напредок кон мир, истакна Руте во објава на X пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО на 14 и 15 мај во Анталија, турска туристичка дестинација во јужниот Медитеран.
Тој рече дека е одлично да се сретне Ердоган додека се подготвуваат за самитот на НАТО следниот месец „за да ја одржат Алијансата силна“.
За време на средбата, Ердоган му рече и на шефот на НАТО дека Анкара ја цени Алијансата и како потврда за тоа, Турција повторно ќе ја преземе командата со силите на НАТО во Косово, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство.