Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД бараат одговорност за злосторства на Русија во Буча  

 САД ги подржуваат напорите на Украина и на меѓународната заедница да се документираат и истражат злосторствата на руските војници во Буча, соопшти синоќа државниот секретар Ентони Блинкен. 

Изјавата на Блинкен во виртуелно обраќање на Буча самитот доаѓа по повод годишнината од масакрот што руските окупациски сили лани го извршија во ова предградие на Киев. 

-Денеска се придружуваме на земјите и организациите низ целиот свет да се продоложи да се бара правда за Украинците во Украина. Повторуваме дека она што се случи во Буча и во другите градови и тоа што продолжува да се случува во Украина е неприфатливо, рече Блинкен. 

Тој истакна дека руските сили и официјални лица во Украина извршили и продолжуваат да извршуваат воени злосторства и злосторства против човештвто. 

-Се заложуваме себеси на почитување на цената на човечката личност, како што е утврдено во Декларацијата на ОН, рече тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен