САД елиминираше воен планер на Ал Каеда

Во американски напад врз Сирија елиминиран воен планер на Ал Каеда

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека на 2 септември извршила воздушен напад врз Сирија, при што е убиен еден од водечките воени планери на терористичката група Ал Каеда.

Во соопштението се наведува дека е елиминиран Мухамед Абдулвахаб ал-Ахмад, член на групата Ансар ал-Ислам поврзана со Ал Каеда.

Командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, изјави дека американските сили на Блискиот Исток работат на попречување и уништување на активностите на терористичките групи, кои планираат и извршуваат напади.

„Нашите сили ќе продолжат да ги штитат САД, сојузниците и партнерите во регионот и низ целиот свет“, наведе Купер.

Коалицијата предводена од САД повремено ги напаѓа лидерите на Исламска држава и на Ал Каеда во Сирија како дел од своите операции.

Зачлени се на нашиот е-билтен