САД, ЕУ, Канада и Велика Британија го поздравија договорот склучен синоќа во Барбадос а според кој се продолжува „процесот на инклузивен дијалог и обнова на демократијата во Венецуела“.
Вчера во Барбадос со посредство на Норвешка се одржаа преговори меѓу венецуалската опозиција и владата за нови изборни услови за гласањето закажано за во 2024 година. Владата во Венецуеала се согласи да го отвори изборниот процес и да дозволи присуство на набљудувачи од ЕУ. Се создаваат услови за укинување на забраните што ги блокираа главните опоненти на Николас Мадуро да одат на избори за претседател на јужноамериканската земја.
Заедничката изјава е потпишана од државниот секретар Ентони Блинкен, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Џозеф Борел, министерка за надворешни Мелани Џоли и секретарот за надворешни работи Џејмс Клеверли.
-Подржуваме мирен исход од преговорите кој води до фер и конкурентни избори и враќање на економската стабилност и безбедност, се вели во изјавата.
Се повикува на безусловно ослободување на сите неправедно задржани, независност на изборниот процес и судските институции, слобода на говорот вклучувајќи за новинарите и почитување на човековите и политичите права.
-Ќе работиме со нашите партнери од меѓународната заедница и сите други да се решат итните потреби на сите Венецуелци, во и надвор од нивната земја и да се се олесни хуманитарната криза.
САД ветија дека во случај на успешни преговори што би воделе кон демократски избори и нормализација во Венецуела, Вашингтон ќе започне со подигање на енергетските санкции наметнати против владата на Мадуро.