Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД, ЕУ, НАТО и осум други земји ги осудија нападите на Хутите во Црвеното Море

 САД, ЕУ, НАТО, Австралија, Бахамите, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сингапур, Јемен и Либерија денеска ги осудија нападите на јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, кои ја загрозуваат слободната пловидба и меѓународната трговија, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека бројните напади кои произлегуваат од териториите под контрола на Хутите во Јемен, вклучително и нападите на 3 декември врз три трговски бродови во јужниот дел на Црвеното Море, ја загрозуваат меѓународната трговија и поморската безбедност и дека нема оправдување за таквите напади.

Се нагласува дека „ужасно злосторство“ е запленувањето на бродот „Галакси Лидер“ на 19 ноември и приведувањето на 25 членови на меѓународниот екипаж кои сè уште се незаконски приведени и повторно се повикуваат Хутите да ги ослободат и да ги запрат сите напади врз комерцијални бродови.

Зачлени се на нашиот е-билтен