САД ги паузираат апликациите за визи и за Македонија

Стејт департментот ќе ја паузира визната обработка за апликанти од 75 земји, почнувајќи од 21 јануари 2026 година, како дел од поширока ревизија на процедурите поврзани со т.н. „public charge“ критериумот – проценка дали апликантот би можел да стане товар на американскиот систем на јавни бенефиции. Објавија американските медиуми

Мерката е наведена во интерен документ до конзуларните оддели, а според извештаите, паузата треба да важи на неопределено време, сè додека не заврши преоценката на начинот на проверка и одлучување. Исклучоците, според истите наводи, би биле „многу ограничени“.

Во објавениот список на засегнати земји е наведена и „Macedonia“ – формулација која во меѓународен контекст се однесува на Северна Македонија – заедно со десетици држави од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка, меѓу кои се Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и други.

Засега нема детално појаснување како паузата ќе се одрази на различните категории визи и на веќе започнати постапки, но се очекува дополнителни насоки да бидат соопштени преку дипломатско-конзуларните претставништва и официјалните канали на Стејт департментот.

Зачлени се на нашиот е-билтен