Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД ги поддржуваат напорите на Јапонија да разговара со Северна Кореја

 САД ги поддржуваат напорите на Јапонија за разговори со Северна Кореја и се надеваат дека дијалогот би можел да реши некои прашања – од регионалната безбедност до човековите права, изјави денеска Џули Тарнер, специјален претставник на САД за човекови права во Северна Кореја.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида минатата недела изјави во парламентот дека сака да одржи самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и лично да ги надгледува разговорите на високо ниво со Пјонгјанг.

„Не можам да зборувам во име на јапонската Влада за тоа како се одвиваат тие разговори. Од американска страна јасно ставивме до знаење дека сме отворени за дијалог со Пјонгјанг без предуслови, а мислам дека истото важи и за нашите партнери и сојузници“, рече Тарнер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен