САД ја повлекоа наградата што ја нудеа за апсење на новиот сириски лидер Ахмад ал Шарех, познат по неговото воено име Абу Мохамед ал Голани, откако од него добиле „позитивни пораки“.
Меѓу тие пораки е и ветувањето дека ќе се бори против тероризмот, изјави Барбара Лиф, претставничка на Стејт департментот.
„Врз основа на нашиот разговор, му кажав дека се откажуваме од понудата за награда… која беше во сила неколку години“, изјави Лиф пред новинарите по средбата во Дамаск.
Ова е прв контакт меѓу САД и новите сириски лидери кои ја презедоа власта по смената на претседателот Башар ал Асад на 8 декември.