САД ќе ги проверуваат и профилите на социјалните мрежи на романските студенти кои аплицираат за виза

Американската амбасада во Букурешт објави дека добила насоки од Стејт департментот за спроведување на „детални и темелни проверки“ на апликантите за визи од тип F, M и J, кои се наменети за студии, студентски размена или сезонска работа.

Во соопштението се нагласува дека за добивање виза „не постои автоматско право, туку привилегија“, и дека ќе се користат сите достапни информации за да се идентификуваат лица кои не треба да влезат во САД. Новите проверки опфаќаат и анализа на онлајн присуството на апликантите, а тие ќе бидат охрабрени да ги направат своите профили на социјалните мрежи јавни.

Дополнително, апликантите ќе треба да ги наведат сите кориснички имиња што ги користеле во последните пет години. Мерките важат и за други земји од ЕУ – како што е Ирска, каде САД воведоа слични барања.

Во мај, администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека Романија е отстранета од програмата за безвизен влез во САД, откако претходната администрација на Џо Бајден ѝ го додели тој статус на 9 јануари. Визното олеснување требаше да стапи во сила на 31 март.

Зачлени се на нашиот е-билтен