Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД ќе обезбедат дополнителна воена помош за Украина во вредност од 400 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе испрати дополнителна воена помош за Украина во вредност од околу 400 милиони долари. Помошта вклучува разновидна муниција за напредни системи за ПВО и повеќе беспилотни летала  „Хорнет“, изјавија американски официјални лица за американски медиуми под услов да не бидат именувани. Се очекува одлуката официјално да биде соопштена денеска или утре.

Меѓу другото, пакетот вклучува муниција за ракетните системи HIMARS и софистицираните системи за ПВО НАСАМС, како и преносливите ракетни системи Стингер и противтенковските системи Џавелин.

Оружјето ќе биде обезбедено преку претседателско овластување, што ќе му овозможи на Пентагон брзо да испорачува предмети од сопствените резерви во Украина, често во рок од неколку дена. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира