Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД: Москва се обидува да го подели Западот со објавениот „протечен“ разговор на високи германски офицери

Џон Кирби портпарол на Советот за национална безбедност на САД
Џон Кирби портпарол на Советот за национална безбедност на САД

Американската Стејт Депатртмент ја обвини Русија дека се обидува да поттикне недоверба меѓу Украина и нејзините сојузници со објавување на пресретнат онлајн повик меѓу високи офицери на германските воздухопловни сили за војната, пишува германската ДПА.

Руското протекување минатата недела на разговор во траење од половина час меѓу највисокиот воен персонал се покажа како голем срам за Берлин, кој ја опиша снимката како дел од „информативната војна“ на Москва.

Во Германија има и загриженост дека инцидентот може да предизвика дипломатски тензии меѓу западната коалиција која ја поддржува Украина.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, во понеделникот се осврна на нарушувањето на безбедноста што го претрпе еден од најблиските сојузници на Вашингтон, велејќи дека Москва се обидува да „сее раздор“.

„Ова е храбар обид, транспарентен обид на Русите да се обидат да сеат раздор и да се обидат да покажат дела има поделеност и да се обидат да изгледа како Западот да не е обединет“, рече Кирби.

Русија, исто така, се обидуваше да направи да изгледа дека владата на германскиот канцелар Олаф Шолц не е „обединета за она што тие го прават“ за Киев, рече Кирби.

Офицерите може да се слушнат како разговараат за можноста за испраќање на германските крстосувачки ракети Таурус со подолг дострел во Киев – потег што Шолц строго го отфрла јавно со месеци.

Претставниците на Луфтвафе велат дека проектилите, на пример, би можеле да го уништат мостот кон украинскиот полуостров Крим, анектиран од Москва со кршење на меѓународното право.

Според офицерите, брза испорака и распоредување на ракетите Таурус би била возможна само под директно учество на германските сили.

Распоредувањето исклучиво под украинска команда би било можно, велат тие, но потребната обука за украинските војници најверојатно ќе трае со месеци.

Кремљ тврди дека снимката покажува дека германската војска разговарала за можноста за напад на руска територија.

Клипот, исто така, содржи дипломатски чувствителна референца за тоа дека Британците имаат „неколку луѓе на терен“ во Украина, во врска со крстосувачките ракети „Storm Shadow“ испратени во земјата.

„Сите работиме заедно за да се обидеме да ја поддржиме Украина и Германците беа токму таму во неа“, рече Кирби. „Секоја нација треба сама да одлучи што ќе прави и со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме со канцеларот Шолц и неговата влада додека тие продолжуваат да наоѓаат начини за поддршка на Украина“.

Разговорот во петокот го објави шефицата на руската државна телевизија РТ, Маргарита Симонјан.

Извори за германската егенција ДПА изјавија дека дискусијата била хостирана на Webex, американска онлајн платформа за конференции. Во тек е истрага за тоа како разговорот бил пресретнат и снимен.

Зачлени се на нашиот е-билтен