САД нудат место во „Мировниот комитет“ за Газа за 1 милијарда долари

Секоја земја-членка ќе има мандат од три години од денот на стапување во сила на Повелбата, се наведува во документот.

Нацрт-повелбата на американската администрација за формирање на „Комитетот за мир“, одговорен за спроведување на мирот и реконструкцијата на Газа, е испратена на адреси на околу 60 земји, а доколку тие земји сакаат нивното членство да трае подолго од три години, треба да придонесат една милијарда долари во готово, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на документ до кој имал пристап.

Секоја земја-членка ќе има мандат од три години од денот на стапување во сила на Повелбата, се наведува во документот.

„Тригодишното членство нема да важи за оние земји-членки кои придонесуваат една милијарда долари во готово во фондот на Мировниот комитет во првата година од стапувањето во сила на Повелбата“, се додава во текстот.

Белата куќа објави формирање на два нови комитета за надгледување на администрацијата во Газа за време на транзицискиот период, а со „Комитетот за мир“ претседава американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Зачлени се на нашиот е-билтен