Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД одобрија продажба на 600 проектили за системот „Патриот“ на Германија

САД и одобрија продажба на Германија на околу 600 проектили и опрема за нејзините системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во износ од пет милијарди долари, пренесе Хина.

Продажбата од Вашингтон „ќе ја консолидира надворешната политика и националната безбедност на САД преку зајакнување на безбедноста на сојузниците во НАТО кои се исто така важна сила за економската и политичката стабилност во Европа“, се наведува во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка-ДСЦА (DSCA).

Трансакцијата „ќе ја подобри способноста на Германија да се соочи со сегашните и идните закани и ќе ги зголеми одбранбените способности на нејзините вооружени сили“, додава ДСЦА.

Откако Стејт департментот го одобри договорот, според законската регулатива во САД, ДСЦА испрати известување до Конгресот, органот што на крајот мора да даде зелено светло.

Германија донираше неколку системи „Патриот“ на Украина, чија инфраструктура редовно е цел на руски авиони и беспилотни летала и за која се потребни повеќе ресурси за воздушна одбрана.

По избувнувањето на руската инвазија на Украина во 2022 година, Берлин стана вториот најголем снабдувач на воена помош за Киев, по Вашингтон.

Зачлени се на нашиот е-билтен