САД соборија ирански дрон кон „Абрахам Линколн“ во Арапско Море

САД соборија ирански дрон откако беспилотно летало од типот „Шахед-139“ денес, „агресивно“ се приближило кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море, со „нејасна намера“, соопштија американски извори.

Според информациите објавени и пренесени во регионалните медиуми, дронот бил соборен од борбен авион Ф-35C што полетал од носачот, откако леталото продолжило да се движи кон формацијата и покрај обидите за деескалација. Во инцидентот, според истите извори, нема повредени американски припадници ниту оштетена опрема.

Американската Централната команда на САД (CENTCOM) во изјава наведува дека дејствувала во самоодбрана и за заштита на персоналот и пловилата, при што беше нагласено дека намерата на дронот не била јасна додека се приближувал.

Инцидентот се случува во период на засилени тензии во регионот, во кој се бележат и други безбедносни настани, меѓу кои и пријави за вознемирување на трговски бродови во Ормутскиот теснец. Паралелно, дипломатските канали остануваат активни околу можноста за продолжување разговори за нуклеарното прашање, но новите инциденти ја зголемуваат неизвесноста на терен.

Зачлени се на нашиот е-билтен