Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД велат дека „имаат причина“ да веруваат дека Хамас денеска ќе ослободи американски заложник

Белата куќа изрази внимателно уверување дека еден американски државјанин е меѓу оние што Хамас ќе ги ослободи денеска.

Хамас  држи како заложници 10 Американци, меѓу кои две жени и една млада девојка, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан, пренесува МИА.

„Имаме причина да веруваме дека еден од тие Американци ќе биде ослободен денеска. Но, додека не видиме безбедно да излезе од Газа… на крајот во рацете на семејството, дотогаш нема да бидеме сигурни“, изјави Саливан за Ен-Би-Си Њуз.

Тој одби да потврди дали американската државјанка Абигејл Мор Ајдан (3) е слободна, чии родители биле убиени од милитантите на Хамас.

„Се надеваме дека Абигејл ќе биде ослободена. Мислиме дека одамна е минато време ова мало девојче, кое штотуку го прослави четвртиот роденден, се врати дома“ кај роднините, рече тој.

Најновите преговори за заложниците „се одвиваа додека зборуваме“, рече Саливан, додека милитантите на Хамас требаше да ја ослободат третата група израелски заложници во замена за палестинските затвореници во услови на деликатно примирје.

„Но, ние продолжуваме внимателно, бидејќи имаме работа со терористичка група“.

Print Friendly, PDF & Email

Tags: американски заложникБелата куќаХамас

Зачлени се на нашиот е-билтен