„Обединети сме во спротивставувањето на обидите на иранските разузнавачки служби да убиваат, киднапираат и малтретираат луѓе во Европа и Северна Америка, што е јасно кршење на нашиот суверенитет“, се вели во соопштението.
Како што е наведено, тие служби се повеќе соработуваат со меѓународни криминални организации за да ги таргетираат новинарите, дисидентите, еврејските граѓани, како и сегашните и поранешните функционери во Европа и Северна Америка.