Американските сили на Карибите запленија уште еден танкер за нафта под санкции за кој администрацијата на Трамп вели дека е поврзан со Венецуела.
Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, на социјалните мрежи напиша дека танкерот „Вероника“ претходно поминал низ венецуелските води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани бродови во Карибите, наметнат од Трамп.
Ноем, исто така, објави кратко видео кое се чини дека го прикажува запленувањето на бродот.
Црно-белите снимки покажуваат хеликоптери како лебдат над палубата на трговски брод, додека вооружени војници се спуштаат на палубата со јажиња.
Танкерот „Вероника“ е шестиот брод што го запленија американските сили како дел од напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја преземе контролата врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелски нафтени производи, а трет откако САД, во ненадеен ноќен напад пред речиси две недели, го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро.