Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сакале да влезат на забава во скопски клуб, ги претепало обезбедувањето

Сериозен инцидент се случил минатата вечер пред ноќен клуб во центарот на Скопје, при што 20-годишно момче завршило со повреда на главата, а неговата врсничка со расечена усна. Според изјавите, тие биле нападнати од обезбедувањето на дискотеката.

По нападот, младите побарале лекарска помош, каде им биле санирани повредите, а случајот веднаш го пријавиле во полиција.

Во изјава за „Фактор,“ нападнатата девојка тврди дека инцидентот се случил без нивна вина и дека обезбедувањето реагирало агресивно само затоа што нејзиното момче разговарало со хостеса. „Тројца од нив, на возраст околу 25-26 години, не нападнаа без причина. Прво го удрија момчето, а потоа мене, по што веќе не можев да му помогнам,“ вели таа, објаснувајќи дека уште двајца од обезбедувањето се приклучиле на нападот врз нејзиниот партнер.

Според неа, напаѓачите побегнале веднаш откако пристигнала полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи известија дека ноќта на 01.11.2024 во 01:30 часот, тројца млади лица – М.М. (20), М.С. (20) и Н.Ч. (22) од Скопје пријавиле физички напад пред угостителски објект во Центар. Според нив, М.М. и М.С. биле нападнати од едно лице, додека Н.Ч. бил нападнат од две лица. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен