Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Саливан: Запрена е руската офанзива кај Харков

Руската воена офанзива околу украинскиот град Харков е запрена, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Според него, тоа е последица на зеленото светло што Вашингтон им го даде на Украинците за напади врз цели на територијата на Русија.

– Од гледна точка на американскиот претседател (Џозеф Бајден), во прашање е само здрав разум. Она што се случуваше околу Харков, она што беше ново во последните месеци, беше руската офанзива. Немаше смисла да не им се дозволи на Украинците да нападнат преку граница, рече Саливан за американската телевизиска мрежа Си Би Ес.

Вели дека Бајден им дал одобрение на Украинците, а тие го примениле на бојното поле.

– Сакам да истакнам дека оваа (руска) офанзива на Харков е запрена. Тој град се уште е под закана од Русите, кои не напредуваа во таа област во последните денови, рече Саливан.

Американскиот претседател долго време одбиваше да им дозволи на Украинците да користат оружје доставено од САД за напади на руска територија, но неодамна го промени својот став. Сепак, Бајден постави одредени услови, а тоа е дека може да се употребува само во пограничните области.

Зачлени се на нашиот е-билтен