Само 13 отсто од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население

 Само 13,46 проценти од државните институции поврзани на Платформата за интероперабилност ги користат податоците од Централниот регистар на население, додека кај приватните компании овој процент е 36,36 отсто.

Недостигот на системски контроли за размената на податоци носи ризик за заобиколување на правилата и ја доведува во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните, се вели во ревизорскиот извештај за извршената ревизија на информациски системи, како ревизија на усогласеност на тема: „Усогласеност на процедури за безбедност на податоците од Централниот регистар на население“.

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на информациски системи како ревизија на усогласеност на тема „Усогласеност на процедури за безбедност на податоците од Централен регистар на население“ кај Министерството за дигитална трансформација, правен наследник на МИОА за период од 2019 година до 2024 година.

Врз основа на извршената ревизија, преку примена на ревизорски техники и методологија, добиено било разумно уверување дека освен за состојбите кои се однесуваат на капацитетот на човечки ресурси, недефинирани чувствителни работни позиции, отсуство на процедури за активностите поврзани со функционирање на ЦРН, отсуство на процедури за утврдување на исполнување на стандардите за квалитет на податоците, отсуство на дефинирани стандарди за примена на ИТ безбедност, отсуство на системски контроли за размена на податоци меѓу институциите кои би спречиле заобиколување на ЦРН,  во сите материјални аспекти се во согласност со релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешки документи, договори и воспоставени политики.

Зачлени се на нашиот е-билтен