Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Само 50 денари е намалена синдикалната кошница за еден месец, мерката на владата против скапотијата со минимални ефекти

Пресметката на синдикалната кошничка за октомври покажува дека нејзината висина е 61.249,00 денари, односно само 50 денари помалку од септемвриската (61.306,00 денари) иако владата се пофали на есенската кошничка и намалени цени на над 70 производи,.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, ако на оваа пресметка се додаде и кирија за стан од 60 метри квадратни кошницата за октомври е 76.624,00 денари.

Според ССМ цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри, а се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен