Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Санчез: Проширување на ЕУ со осум нови членки е предизвик, но Мадрид е отворен за таа можност

Горди сме што сме домаќини на денешната средба, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница.

– Гранада денеска е главен град на Европа и на мирот. Овој град претставува почит меѓу различните култури и цивилизации. Ова е пораката што ја испраќаме до остатокот од светот – Европа и проект за мир, додаде тој.

Санчез денеска, по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, изјави дека проширувањето на ЕУ на осум нови членки ќе доведе до многу предизвици во блокот, но нагласи дека Шпанија е отворена за такво проширување.

Меѓу главните теми на средбата се проширувањето на Унијата и руската војна во Украина.

– Сите Европејци го поддржуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата земја. Подготвени сме да продолжиме со поддршката до крајот на војната. Треба да го промениме буџетот на ЕУ за да ја обезбедиме оваа помош во наредните години, истакна Санчез.

Шпанија до крајот на годината претседава со ЕУ. Самитот е форум за поттикнување на соработката меѓу повеќе од 40 земји формиран по руската инвазија – 27 од ЕУ и 20 од земјите околу неа. Блокот в петок ќе разговара за планот за проширување.

Зачлени се на нашиот е-билтен