Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сара Климоска го заврши својот прв филм „Нова енергија“ како режисерка

Сара Климоска
Сара Климоска

Заврши снимањето на краткометражниот филм “Нова Енергија”, кој е во режија и по сценарио на Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција  на продуцентот Јорданчо Петковски

“Нова Енергија” ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.   

Главните улоги во филмот се Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран ЉутковАлександар СтоименовскиМирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. 

Филмската екипа брои и талентирани автори како Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

Нова Енергија е независен филм реализиран благодарение на приватни донации и компании пријатели на филмот. Копродуценти се Вижн Тим – Vision Team и Филмоскопија од Србија, JES Продукција и Контраст филм од Скопје, а главни спонзори се Винарија Тиквеш, Спорт Лаб и Монозеро.

По завршувањето на постпродукцијата, филмот “Нова Енергија” ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

Зачлени се на нашиот е-билтен