Претседателот на ИМА, Петрит Сарачини, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека добрите односи меѓу заедниците со од круциално значење за безбедноста на нашата држава.
„Мозаикот од различности се битни за развојот на нашата држава“.
Тој посочи дека во медиумите се објавуваат разни актери кои доаѓаат од политичките партии кои креираа(т) поделби во општеството.
„Имаме политички партии кои креираат наративи на етнонационализам и поделби“, рече Сарачини.
Тој се осврна на инцидентите на спортските натпревари, за веењето на албанското знаме и други теми за кои различно известуваа македонските и албанските медиуми, како да се работи за две вистини’.
„Правда и еднаквост мора да има за секого“, истакна Сарачини.