Според најновите податоци на платформата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа. Индексот на загаденост на воздухот во главниот град изнесува 172, што го сместува високо на европската листа на градови со најлош квалитет на воздух.
На првото место се наоѓа Сараево, каде што индексот на загаденост достигна 213, што укажува на исклучително високо ниво на аерозагадување.
Податоците на IQAir повторно ја отвораат темата за сериозниот проблем со загадувањето на воздухот во регионот, особено во зимскиот период, кога концентрациите на штетни честички значително се зголемуваат и влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.