Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сашко Коцев со свој придонес во кампањата за набавка на концертен клавир за Крива Паланка

Сашко Коцев ќе гостува  со својот стендап „Широк дијафазон“  во НУ Центар за култура Крива Паланка, на 7 јуни (петок), со почеток во 20,00 часот.    

Со  својот препознатлив  хумор во целовчерниот настап Сашко Коцев ќе се осврне на   машко-женските односи, аномалиите во општеството, забавните ситуации од секојдневието и на многу теми од животот,опкружувањето…

Цената на влезницата чини 300 денари, а средствата се наменети за фондот  од кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка-Градот на културата“.

Стендап настапот на Сашко Коцев е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“.

Зачлени се на нашиот е-билтен