Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сашко Насев учествува на 16-ти Меѓународен книжевен фестивал посветен на Елијас Канети во Русе, Бугарија

Во Русе, Бугарија, од 1 до 12 октомври 2023 година по 16-ти пат се одржува престижниот Меѓународен книжевен фестивал на европските писатели. Фестивалот е во чест на писателот нобеловец Елијас Канети, британски и швајцарски писател кој пишувал на германски јазик и потекнува од сефардско еврејско семејство од овој град.

Оваа година мотото на фестивалот е “Сонот на разумот…” (“Сънят на разума…”) и на него ќе бидат претставени автори од повеќе европски држави, а Северна Македонија ќе биде претставена со Сашко Насев, Катедрата за филмска и театарска драматургија на ФДУ од Скопје и македонската сценариска и драматург, Весна Куслеска.

Елијас Канети

Ќе бидат претставени и бугарската, унгарската, австриската, германската, полската и други европски литератури. Фестивалот годинава по девети пат ќе ја додели наградата „Илијас Канети“.

-Живееме во време на електронско рекреирање на светот и на човечкиот живот и на паралелизам на можните, невозможните и сите можни светови. Живееме во повеќеслоен и повеќенасочен свет, како што бил отсекогаш, и во кој различни етнички и социјални групи влегуваат во сè подиректна проблематична комуникација. Живееме во свет во кој со векови се бара начин за повторно создавање на човечкиот живот и се доведува во прашање за одговорноста на човекот во временскиот простор ТУКА и СЕГА кога тој влегува или ја узурпира оваа божествена функција, наведуваат организаторите во годинешната фестивалската програма.

Споменикот на Канети во Русе

Програмерите на фестивалот додаваат дека на овој начин, преку „Сонот на разумот“… сакаат да се осврнат и на прашањата за последиците и проектите, за размислување и преиспитување на културите на меморијата и чија меморија се обновува, за амбивалентноста и дволичноста на нашата сегашност во која ќе има нема повеќе победници. Затоса и го цитираат фрагментот од недовршенмото дело на Бертолт Брехт, „Падот на егоистот Јохан Фацер“ („Downfall of the Egotist Johann Fatzer“): „Отсега па натаму и уште долго време нема да има повеќе победници во нашиот свет, туку само губитници“.

Сонот на разумот, или заспаниот разум, создава чудовишта, револтирано коментираше своевремено славниот сликар Франциско де Гоја.

„… Иднината е поделена; ќе биде вака или вака; од оваа страна, целиот страв; од друга, сета надеж. Човек веќе нема тежина да одлучува, ниту во себе. Питија и ја врати честа на двојазичната иднина.“, пишува Елијас Канети во неговото автобиографско дело „Човечка провинција“.

Фестивалска атмосфера во Куќата на Канети

Македонскиот писател и драматург Сашко Насев е во избраното друштво на врвни автори од новата европска литература кои учествуваат на фестивалот. Насев, кој е актуелен директор на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија, ќе биде претставен пред фестивалската публика во Куќата на Канети на 4 октомври (среда), кога актерите Јасена Господинова и Ивајло Драганов ќе го читаат неговиот најнов текст „Драма изгубена во времето“.

-Маж и жена се среќаваат во чекална во болница! Додека чекаат вести за здравјето на нивниот заеднички роднина, кој е повреден во сообраќајна несреќа, се навраќаат на спомени, средби, меѓусебни чувства, пориви и желби. Ова е претстава за животот и смртта. За човекот и светот во кој живееме денес! Претстава за судирот меѓу мажот и жената како поединци!…, е дел од најавата на драмата на Насев во фестивалската програма.

Зачлени се на нашиот е-билтен